Со рани на рацете и гребаници и модрици по телото од синџирите со кое било врзувано, се врати дома 17 годишниот Анес, момче со аутизам, од Психијатриската болница во Демир Хисара. Ова е потресното сведоштво на неговата мајка Салка Абдуловска, од Дебар, која со семејството живее во Битола под кирија за да ги школува двете деца.
Момчето кое во последно време покажувало поголема агресија од вообичаено, родителите одлучија да го однесат во болница, со цел да добие соодветна терапија пред да продолжи неговото школување во средно училиште во Скопје, откако заврши деветолетка во Битола. По пет недели минати во Демир Хисар, од болницата Анес го враќаат дома.
Кога дојде дома сакава да го искапам, кога видов целиот беше во рани, го држале врзан со синџири, како се осмелиле да ги направат тоа на дете. Самите доктори ни кажаа дека го врзуваат поради негова сигурност, да не го удри некој, па да тој да му возврати, ми рекоа ние немаме други методи, изјави Салка Абдуловска.
Абдуловска вели дека е шокирана од третманот на едно дете во здравствена установа. Семејството, кое е социјално загрозено, целиот живот го посвети да создаде подобри услови за момчето. Од Дебар се преселија во Битола за Анес да се школува, мајката работи за да го прехрани семејството, а таткото со поголем авторитет кај аутистичното дете ја напушти работат за да се грижи за него. Имало голем напредок кај Анес се до пред извесно време кога станал агресивен. Родителите велат дека државата е таа која треба да обезбеди соодевтни услови за овие деца.
Ние побаравме помош да се лечи, да го смират. Но, на овој начин не е правилно. Не знам каде да се пожалиме, државата треба тоа да го реши, ние бараме установа, да има каде да се сместат децата, вели Абдуловска.
И Народниот правобранител во својот извештај неодмана потврди дека во Психијатрската болница во Демир Хисар има опрема за врзување на пациентите, односно затекнати биле метални синџири со катанци, ремени и кабли и ја потенцираше забраната за тортура на пациентите. Од психијатриската болница Демир Хисар одговорија дека лекувањето е согласно медицина базирана на докази и дека во одредени ситуации неопходно е физичко ограничување.
И за министерот Меџити нема ништо спорно во овие методи и вели дека се дел од протоколите за да им се даде терапија на пациентите.
Зборував со директорката. Детето е лекувано според сите протоколи. Такви деца можат да бидат агресивни, затоа според протоколите на експертите од психијатрија во таков случај може да се врзува за одредено време, за добивање терапија, велиМеџити.
Откако Салка Абдуловска ја раскажа приказната за нејзниот 17 годишен син, дете со аутизам, на социјаните мрежи следат бурни рекации од јавноста и родителите кои ја делат судбината со ова семејство. Згрозени и потресени се од методите во Психијатриската болница во Демир Хисар, кои велат датираат од пред средниот век. Немаат друг начин освен својот револт да го изразат на протести, а некои велат дека дојде време овие родители да ја тужат државата.
Ова е целосното сведоштво на социјалните мрежи:
Момчето на сликава се вика Анес Абдуловски. 17 годишно од Битола, Со дијагностициран аутизам. Момче кое посетувало до скоро училиште, напредувало. Разбира се и зборува. Посетувало дневен центар и напредувало. До оној момент кога влегува во пубертет. Како и најголем дел од лицата со аутизам, пубертетот е најтежок во растењето и грижата за овие деца. Почнува да покажува нервоза, пркос и агресија. Но тоа се случува и кај типичните деца кога хормоните ке им проработат. Тоа е разбирливо, но поминува. Родителите побарале медицинска помош и детето е сместено во психијатриската болница Демир Хисар. Таму останува 5 недели. Во тој период родителите го посетиле повеке пати, но не им било дозволено внатре на лице место( во соба), туку со придрижба носено на по неколку минути во двор. Пред малку зборував со мајката. Всушност, детето во соба цело време престојувало врзано под силни антипсихотици. Тој момент родителите не го виделе. Се додека не им се јавиле по телефон да им кажат да си го земат детето дома на неколку дена, па после да го вратат. За ова никој не пишува. Причината за тоа јавување била дека болницата добила најава за посета од делегација од ЕУ, која патем има милионски суми дадено за оваа болница и за нејзините пациенти. Па сега не сакале од болницата, делегацијата да го гледа таков врзан за кревет и како зомби.
Родителите го земаат и настанува шок, кога ги виделе огромните рани од врзувањето. Рани направени длабоко во месото, од обидите на детево да се ослободи. Бесни и гневни се, не им паѓа на памет повторно да го вратат таму.
Мили луѓенца. Толку треба да знаете за нашето здравство. Во 21 век, дете врзано. Не е само онкологија скандал. Луѓето се плашат да зборуваат отворено. Ова е срам за сите нас. Толку треба да знаете. Кој знае уште колку како Анес има. Нашите невропсихијатри, баратаат само со теорија, ама пракса никаква. Антипсихотици препишуваат на деца кои немаат шизофренија. И си ги препишуваат како бомбони ( секоја чест на исклучоци кои на три прсти се бројат). Врзувањето е техника која датира од пред средниот век. Ама ние таму сме заглавени. Најтрагично е тоа што ако нешто не знаеш, барем следи искуства од поразвиените држави. Ама егото е страшна работа.
За сите вас кои ова ке го читате, размислете. Можеби немате деца со аутизам или друго, ама можеби еден ден вашите деца ке имаат, и срце ке ве боли кога ке ги гледате какви маки поминуваат со вашите внучиња.
Патот кој го изоделе до сега родителите на Анес е голгота. Скромни луѓе од дебарско, дојдени во Битола за подобар живот. Ама плановите се само дел од животот. Живеат долги години под кирија, а сега таткото приморан отказ да даде за да се грижи за синот.
Толку треба да знаете за случувањата во нашава ни државичка заглавена во средновековието. Ниту институционална помош, ниту поддршка, а најмалку стручни лица. А вие, пак седете си дома и не доаѓајте на протести. Јас сум потресена и згрозена. Господ да им е на помош, бидејки друга помош во Македонија нема да добијат.
П.С. Многу скоро еден вевчанец пишуваше јавно за овие деца дека биле непотребен трошок, дека семката на нивните родители била скапана, дека овие деца траба за служат за трансплатација на органи. Ако се молчи, многу скоро ке испадне дека бил во право. Во 21 век, срамови