Европски услови, светска апаратура и седум нови операциони сали – градската болница „8 Септември“ во Скопје по повеќе од 80 години ќе биде реконтруирана. Проектот ќе чини 12 милиони евра, и е дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи а парите се обезбедени од ТАВ проект, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски. Ќе се санира целосно и кровот бидејќи протекува. А ќе има и современи медицински апарати каде што ќе биде олеснето лекувањето на пациентите. Но ќе има модернизација и на апартите за дијагноза на болести.
„Знаете сега некој оперира, а одозгора му тече ако врне дожд. Малку е непристојно. За жал, никој тоа не го видел десетина години, сега тоа го видовме благодарение на заедничката активност, на министерот за здравство Арбен Таравари, на министерот за транспорт и потпретседател на Владата Александар Николоски, луѓето од ТАВ , но и директорот д-р Синиша Стојаноски. Сѐ е админстративно поминато на Влада, договори се потпишани и оваа недела очекувам медиумите повеќе детали да дознаат. Ќе имаме навистина европски услови“, кажа Мицкоски.
Здравствените власти неодамна најавија дека 8-ми септември ќе станува регионален центар за лекување на пациентите од Скопје, Куманово и Велес. Според нив, дел од болничките капацитети низ државата не се искористени како што треба, а од сите нив, најблиску до стандардите за нешто повеќе и подобро има ГОБ „8-ми септември“.Затоа што со најмало вложување ќе се добие најдобар одговор за подобри здравствени услуги..
Во оваа здравствена установа има врвни лекари, специјалисти и се изведуваат методи кои не се изведуваат и на Клиника. Според надлежните, градската болница има најмногу потенцијал за да стане најголем регионален центар.