Новак Ѓоковиќ по четврти пат го освои Вимлбдон по победата со 3:0 во сетови над Јужноафриканецот Андерсон.
Првите два сета Србинот ги доби прилично лесно. Андерсон се обиде да пружи посериозен отпро во третиот сет, но не успеа да го победи и да си отвори какви-такви шанси за пресврт.
По несфатливото паѓање на Ѓоковиќ во измината година, обожавателите на тенисот сега се во исчекување дали оваа победа на Ѓоковиќ, посебно феноменалната игра против Надал, е негово враќање на старите височини или станува збор само за еден успех на терен кој отсекогаш му бил попогоден за игра.