Британското шоу „Гола привлечност“ крена многу прашина од самиот почеток на емитувањето, а сега стигна во нашиот регион.
Се работи за шоу, кое ќе почна да се прикажува на РТЛ лајв, во кое натпреварувачите се запознаваат целосно голи и ги коментираат интимните делови на кандидатите.
Кога се запознаваат, кандидатите најпрво го запознаваат најинтимниот дел на кандидатите, односно од половината па надолу, и врз таа основа го избираат оној со кој сакаат да излезат на состанок.
-Учесниците се голи затоа што „реалити шоуто“, според идејата на креаторите, треба да ја испита науката за „сировата примитивна привлечност” и да види дали може да биде добра основа за потенцијална љубов, велат од РТЛ.
Каква реакција на „Гола привлечност” ќе предизвика во Хрватска, но и остатокот од регионот останува да се види. Шоуто ќе се емитува од понеделник до петок во 23:10 часот.