Надица Георгиева и Иво Јанкоски уживаат во заедничките патувања. Важат за една од најусогласените двојки на домашната јавна сцена. Често патуваат низ Европа и убавите моменти секогаш ги споделуваат со нивните следбеници на социјалните мрежи. Кога се дома, времето најчесто го поминуваат во Трпејца, пишува Женски магазин.

Во една прилика Надица изјави дека бракот со Иво е најубавото нешто што ѝ се случило на љубовен план. Се запознале пред скоро две децении, набргу по нејзиното враќање од Виена.

– Еден период бевме и комшии. Подоцна работевме и на неколку заеднички проекти, така што јас и Иво многу добро се знаеме – откри Георгиева.