Локалните медиуми јавуваат дека голем пожар на отворено вечерва беснее во делот од Струмица покрај градските гробишта, населбата Сафилар и кон селото Баница.
Мобилизирани се сите пожарникари од Струмица кои се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат тој да стигне до куќите и зградите. Напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови… Мобилизирана е и струмичката полиција…
Пожарот брзо се разгорува од силниот ветер. Според тоа што може да се види од снимките, горат делови од шума, земјоделски површини, нискостеблести растенија и трева. Засега нема информации за тоа како избувнал големиот пожар.
Според информациите, сите противпожарни екипи од Струмица се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат тој да стигне до куќите и другите објекти. Напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови.
Пред малку со својата објава, градоначалникот на Струмица, Костадинов порача дека пожарот е локализиран:
„Пред малку го локализиравме пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница.
Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето
Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат,Е напиша Костадинов.