Околу 100 романски полицајци и агенти на Сикрет сервис извршија акции во 27 објекти во Букурешт и девет романски окрузи во рамки на истрага против група Романци кои измамиле голем број американски граѓани преку лажни сајтови за електронска трговија.
Штетите се околу 34 милиони долари, објави весникот Романија либера.
Весникот нагласува дека за првпат полицијата во Романија конфискувале и криптовалути Рипал и Биткоин со вредност од околу 5.000 долари.
Приведени се 15 Романци, четворица Американци и лице од Бугарија.
– Истрагата почна во 2016 година по молба за меѓународна помош предадена од Сикрет сервис (САД), се вели во соопштение на романската полиција. Во акцијата на полицијата конфускувана е голема сума пари и запленети се 10 имоти вредни околу 310.000 евра.