На крајот на минатиот месец, голем број странски инвеститори имаа хартии од вредност деноминирани во кинески јуани како резултат на владините мерки за понатамошно отворање на секторот за „надворешни играчи“.

Според кинескиот Централен депозитар и клириншка куќа, растот на хартии од вредност во странска сопственост е 40,55% повисок на годишно ниво и во вредност од 1,51 трилиони јуани (околу 225 милијарди долари).

Една причина за силниот раст е програмата за поврзување Bond Connect, воведена oд Пекинг во јули 2017 година, со која им се овозможува на странски институционални играчи да влезат на кинескиот меѓубанкарски пазар на хартии од вредност.

До крајот на минатата година, повеќе од 500 институционални инвеститори од целиот свет се приклучија кон програмата Bond Connect.