Четири лица загинаа, а пет се водат за исчезнати по експлозијата што предизвика уривање на четирикатница на Сицилија, соопштија властите во неделата, соопштија утринава италијанските служби за итни случаи.

Две жени се пронајдени живи под урнатините во Равануса на југот на земјата, откако зградата се урна синоќа, а спасувачите со кучиња трагачи се уште трагаат по преживеани на местото на несреќата.

Голем број згради се урнаа по експлозијата што се случи синоќа околу 20:30 часот во Равануса, град на околу 110 километри југоисточно од Палермо, соопшти ДРПЦ Сицилија.

Според агенција АНСА, три згради се урнале, а уште три се оштетени.

Пожарникарите за италијанската агенција кажаа дека истекување на гас е многу веројатна причина за експлозијата.

-Експлозијата можеби е предизвикана од активирање на лифт, изјави за АНСА команднатот на противпожарната бригада на Агриџенто, Џузепе Мерендино. Во наредните денови ќе истражуваме дополнително, но она што е сигурно е дека таквата експлозија е исклучителен настан“, додаде тој.

Првата жена беше спасена од зграда најверојатно во близина на оние кои беа погодени од катастрофата. Таа се здобила со полесни повреди и била пренесена во локалната болница каде и биле откриени неколку фрактури, соопшти Итната служба.

Втората жена, за која се вели дека е нејзината сестра, била извлечена од урнатините неколку часа подоцна, според шефот на DRPC Сицилија, Салво Кочина.

АНСА, цитирајќи ја цивилната заштита, пренесе дека меѓу исчезнатите има и две деца и една трудница, што требало да се породи во среда.