Најмалку 40 лица загинаа во автобуската несреќа што се случи денеска во Индија, а повеќе лица се повредени. Несреќата се случила кога автобус полн со патници паднал во клисура длабока 200 метри, во планинската индиска покраина Утарканд, објави индиската полиција.

Несреќата се случила на планинскиот пат полн со кривини во округот Паури Гарвал, изјави локалниот полициски службеник.

Автобусот превезувал помеѓу 55 и 60 патници. Потврдено е дека меѓу жртвите има жени и деца.

– Причината за несреќата не е утврдена, но според извештајот кој го добивме од местото на настанот, возачот изгубил контрола во една кривина, појаснија од полицијата.

Повеќето од ѓртвите се локални жители кои патувале помеѓу градовите Боа и Рамагар.

Индија ина најголем број сообраќајни несреќи во светот, а просечно во оваа земја годишно гинат 13.000 луѓе. Најчести причини се лошите патишта и возила и недисциплинираното возење.