Голема победа за македонската таеквондистка Мила Рељиќ над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс.
Конечниот резултат од денешната борба е 7:6 за Рељиќ.
Македонката се пласира во четвртфиналето категорија до 57 килограми.
Летиција Ајуд од Либан е ривалката на Рељиќ во четвртфиналето таеквондо до 57 килограми на Олимписките игри во Париз.
Терминот за борбата на македонската репрезентативка со таеквондистката од Либан е 15:45 часот.
Во случај на победа, Релиќ ќе биде блиску до медал.
Претходно, македонскиот борач Владимир Егоров експресно го заврши настапот на Олимпијадата во Париз.
Тој загуби убедливи од Амар Шерават (Индија) со 0:10 категорија минус 57 кг слободен стил.