Бугарската полиција го приведе поранешниот премиер на државата и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, поради злоупотреба на средства од ЕУ. Информацијата ја потврдија и од партијата за локални медиуми.
Полицијата влегла и во домовите на други високи поранешни функционери. Објаснувањето од полицијата е „итна проверка“. Контроли се вршат и во домовите на претставниците на големиот бизнис.
Информацијата од ГЕРБ ја потврдија и високи извори од новата влада, објави 24 часа. Во тек е голема операција низ државата, која е заедничка со Европското јавно обвинителство. Се проверуваат 120 досиеја, изјави извор од кабинетот за медиумот.
Бугарските медиуми јавија дека се приведени Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова.
„Никој не е над законот“ напиша премиерот на таа држава, Кирил Петков на Фејсбук како коментар на информацијата за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов. Според бугарски медиуми, регистрирани се и собирање на приврзаници на таа партија.
Преку социјалната мрежа на Фејсбук со порака се огласи и премиерот Кирил Петков кој порача дека никој не е над законот.