Утре од притвор излегува Сашо Мијалков и ќе му биде определена поблага мерка, куќен притвор, објави ТВ 21, повикувајќи се на свои извори.
Адвокатите на Мијалков, тврдат дека со барањето за ослободување е поднесена гаранција во недвижности со вредност од над 7 милиони евра. Кауцијата ќе биде запленета од државата доколку Мијалков избега.
Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23 февруари кога по неколкудневно мистериозно исчезнување се појави пред обвинителството да го подигне решението за притвор. Претходно по информации на обвинителката Вилма Русковска за можно бегство на Мијалков, судот му определи домашен притвор, но полицијата не успеа да го најде на домашна адреса.
Како што веќе објавивме, пред неколку дена од притвор во Шутка во домашен притвор беше пуштен и Драги Рашковски екс секретарот на Владата и близок соработник на премиерот Зоран Заев.
А од поодамна во куќен притвор се и Катица Јанева, шефицата на бившото СЈО, нејзиниот поранешен пријател Бојан Јовановски – Боки 13.