Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град има северозападно од Куманово, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Според него, постои можност невремето да зафати делови од Куманово.

Од УХМР денеска информираа дека попладнево наместа времето било нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, проследено со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најавија дека до крајот на денот ќе има услови за локална нестабиност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на ноќта се очекува стабилизација на времето.