Реки по улиците на Белград, прекинат некои трамвајски линии и хаос во сообраќајот, предизвика силното невреме што утрово го зафати главниот град на Србија.
Поради невремето и закочениот сообраќај многу белгражани не можеа на време да стигнат на работните места.
– Автобусите и тролејбусите нормално функционираат, но трамвајскиот сообраќај отежнат или прекинат низ целиот град, поради тоа што шините се поплавени, изјавија од ГСП „Београд“.
Застои имаше на Газела, Панчевачкиот мост, на потегот од Белградскиот саем кон Ада Циганлија, но и на многу други сообраќајници низ Белград.
Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде портокалово предупредување, а тој аларм означува опасни временски услови, поројни дождови, грмотевици и силен ветер.