Потпретседателот на албанската Демократска партија, Еди Палока, денес даде иронична изјава дека Холандија кажала „не“ за отворање преговори за придружување кон ЕУ на Албанија.

Тоа, според Палока, е одмазда против премиерот Еди Рама заради спуштањето на цената на канабисот во Европа.

„Се очекуваше дека Холандија ќе биде против отворање преговори за членство. Тие се одмазнички настроени зашто не можат да му простат на Рама за намалување на цената на канабисот низ цела Европа“, рече Палока.

Меѓу другото, тој изјави дека и Германјиа е против отворање преговори.

„Германија ќе каже не затоа што наведе повеќе услови за Албанија која таа не ги реши како што се организираниот криминал, немањето независно судство, немање Уставен суд, немање слободни избори и др.“, истакна Палока.