Голот на Кристијано Роналдо, кој го постигна со „ножички“ на првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Јувентус во Торино е прогласен за најдобар гол на годината според гласањето на сајтот на УЕФА.
Роналдо го освои првото место со 197.496 гласови, пред Димитри Паје од Олимпик Марсеј со 35.558 гласови.
Интересно е дека Роналдо минатата сезона со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, а потоа направи трансфер во Јувентус.