Горан АНГЕЛОВ ЌОСЕТО
За некои навидум обичен ден, а за останатите ден каде што нашите браќа со нарачани пресуди гнијат по затвори. Денот кој претставува пресвртница за Македонија. Денот после кој, веќе ништо не е исто за Македонија. Што поточно се случи после овој 27-ми април?
-формирање на лажна Влада, купување пратеници, потпишување на договор за добрососедство со Бугарија со што Владата се откажува од сопствено име, историја, јазик, и култура, потпишување договор со Грција за промена на име, со што се откажува од македонското име и ја отстапува македонската античката историја на Грција.
27 април во Македонија е синоним за:
– неправилно осудени
– нееднаквост пред судот и законите
– селективна правда
– уценети пратеници кој за да спасат гз описот на државата го сменија и се посраа на тие што ги гласаа и на цела држава
– политички курви кои за златни визи арапски си ја шитнаа честа и татковината
– незаконит избор на претседател на собрание
– политички осуденици
– корумпирани судии кои судат по желба за да се изгребат функција и да не одат во пензија
– велепредавство
За последица се уште има политички осуденици кои скапуваат по занданите, чии фамилии се уништени, а некои кои не можеа да ја истрпат неправдата веќе и го напуштија светов!
27 април е се она што не чини во оваа држава!!!
Заклучокот е премногу јасен. Секој кој ја сака својата држава и би се спротиставил на уништувањето на Македонија, ќе заврши во затвор или ќе трпи сериозни последици.
На 27-ми април 2017 година, Македонија почна да крвари! За жал оттогаш, осум години не се запрени со ударите спрема оваа држава!
После неколку години имам нешто да Ви порачам, колку и да се трудите НЕМА ДА ГИ ЗАДУШИТЕ НАШИТЕ ПАТРИОТСКИ ЧУВСТВА!
Можете да продавате она што самите ќе изградите и заработите, но ова Ви беше преголема грешка, ова не се чепка.. Ова е името, ова е МАКЕДОНИЈА!
Слобода за сите УСТАВОБРАНИТЕЛИ!