Пожарот што вчера избувна на товарен брод во Северно Море, во близина на холандскиот брег, е тешко да се изгасне, бидејќи не е можно да се пристапи до пожарот одвнатре, изјави денеска експертот за безбедност на бродови Ларс Тобер.

Во пожарот на товарниот брод на „Фремантел Хајвеј“ (Fremantle Highway), кој превезувал автомобили, едно лице загина, а некои членови на екипажот скокнале во морето, соопшти холандската крајбрежна стража.

Во спасувањето на 23 членови на екипажот учествувале глисери и хеликоптери, но пожарот не бил изгаснат.

– Тоа е огромен брод што гори внатре. Единствено што можам да истурам вода однадвор, не можеме да влезам внатре. Нема отвор од кој можат ефективно да користат средства за гаснење. Предизвик е да се одржи стабилен бродот, за да не се навалува, превртува и да не се формираат пукнатини на конструкцијата. Тоа е всушност главната задача сега, изјави Тобер.

Регистриран во Панама, бродот превезувал вкупно 2.857 автомобили од Германија до Египет, меѓу кои и 25 електрични автомобили на бродот, соопшти претходно холандската крајбрежна стража.

Сепак, јапонската бродска компанија денеска објави дека на бродот има повеќе автомобили отколку што беше првично познато. Бродот превезувал 3.783 автомобили.

Бродот долг 199 метри испловил од германското пристаниште Бремерхавен, кога избил пожар на 27 километри од островот Амеланд.

Причината за пожарот сè уште не е позната.