Главниот кризен штаб, со кој што раководи директорот на Центарот со управување со кризи, Стојанче Ангелов на состанокот одржан вечерва го подготви акцискиот план за справување со кризи.
Акцискиот план ќе му биде предложен на Управувачкиот комитет и Владата кои што треба да го одобрат и да се постапува по него.
По состанокот Ангелов информираше дека меѓу другите предвидени мерки предложено е во Кризниот штаб да се вклучи и претставник на невладиниот сектор со цел поголема транспрентност на работата на клучните институтции задолжени за справување со кризата предизвикана од епидемијата со коронавирусот. Била разгледана потребата од учество на Армијата, за што дополнително ќе бидат утврдени здравствените објекти, што ќе треба да бидат обезбедувани од војниците.