Полициски службеник на полноќ бил физички нападнат од 21-годишниот Ј.О. од Гостивар, информира МВР.
Физичкиот напад врз полицискиот службеник се случил откако тој презел службени дејствија по пријавен настан „поплака и семејно насилство“. Против Ј.О. ќе биде поднесен соодветен поднесок, посочуваат од МВР.