Околу 08.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во болницата во Гостивар со повреди бил донесен 49-годишниот Е.Н. од Гостивар.
Според пријавеното, Е.Н. се здобил со тешки телесни повреди во објект во изградба во кој работел.
По укажаната лекарска помош тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.