Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Х.(38) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.12.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Кичево при што пронашле и одзеле хероин.

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против В.А.(27) од село Србица, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При преглед во неговото патничко возило „Сузуки витара“, под возачкотo седиште бил пронајден пиштол калибар 7,62 милиметри, кој го носел без дозвола.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ќ.(51) од село Мала Речица, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „’неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 11.04.2018 година на автопатот Тетово – Скопје полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Во периодот од 1 февруари до 10 февруари 2019 година СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Од извршената контрола 178 возачи управувале со брзина поголема од дозволената во населено место, додека 147 надвор од населено место. Санкционирани се вкупно 325 возачи. Санкционирани се и 98 останати прекршоци.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Б.(27) од село Мала Речица, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 12.10.2018 година на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и пронашле и одзеле марихуана.

Во текот на изминатите десет денови од февруари тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спроведе повеќе засилени контроли за брзина, во кои биле откриени и санкционирани вкупно 207 прекршоци, односно пречекорувања на дозволената брзина. Во контролите, исто така, откриени се и 19 други видови прекршоци (истечена регистрација, управување без возачка дозвола, под дејство на алкохол, возачи-почетници кои не се придржувале на предвидените ограничувања итн ) и за нив се изготвени соодветни поднесоци.

Во текот на изминатиот викенд полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола спровеле сообраќајна контрола при што биле контролирани 1.303 возачи и возила. При контролата, констатирано е дека 110 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 23 возачи управувале без возачка дозвола, кај 11 возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Исто така, четири возила биле технички неисправни и тие се испратени на технички преглед. При контролата, откриени се и други 42 видови прекршоци.

На 10 февруари 2019 година во 16:25 часот во Полициската станица Струга, на патот кон село Калишта, настанал пожар при што била изгорена површина со трска. Екипа на Територијалната противпожарна единица Струга го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Извршен е увид.

На 10 февруари 2019 година околу 19:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „163“ во Скопје, настанал пожар при што бил опожарен помошен објект, сопственост на Б.Д.(74) од Скопје. Од пожарот била зафатена една клима и дел од фасадата на хотелот кој се наоѓа до објектот.. Во 20.10 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Увид се врши.

На 11 февруари 2019 година во 5:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа „Идризово“ – Скопје, во објект настанал пожар на таванот. Пожарот бил изгаснат од затворската полиција и екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Увид се врши.

На 11 февруари 2019 година во 01:20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 50-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2019 година околу 22.00 часот во нивниот дом, нејзиниот 54-годишен сопруг, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал неа, нејзината ќерка, нејзиното момче и синот. Се работи на расчистување на случајот

На 10 февруари 2019 година во 07:35 часот на автопатот Табановце-Куманово возило „Мерцедес“ не застанало на даден знак и се упатило кон граничниот премин Табановце. По преземени мерки, во 08:20 часот во село Табановце, на место викано „Чивлук“, било пронајдено патничкото возило „Мерцедес“, сопственост на М.А.(28) од село Батинци, Скопско, а во негова близина била пронајдена и група од 10 мигранти (шест лица од Пакистан и четири лица од Сирија). Дополнително, во близина на село Лојане биле пронајдени шест мигранти (пет од Ирак и едно лице од Иран). Миграните биле пренесени во транзитниот центар Табановце. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера околу 08:30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во болницата во Гостивар со повреди бил донесен Е.Н.(49) од Гостивар. Според пријавеното, Е.Н. се здобил со тешки телесни повреди во објект во изградба во кој работел. По укажаната лекарска помош тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ф.К.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 07 декември 2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на улица „Стамен Манов“ во Кочани, при што пронашле и одзеле 1519 парчиња различни видови на пиротехнички средства.