Женско лице го загуби животот откако паднала во Вардар во Гостивар.
Според првичните информации, телото на жената било извлечено од речното корито во близина на мост до кланицата. Жената била пренесена во гостиварската болница каде извршена реанимација, но обидите на лекарите биле без успех.
Случајот бил пријавен во полиција утрово околу 10.30 часот и засега нема детали околу идентитетот на жената. Првично е дека таа е на возраст помеѓу 70 и 80 години. За случајот е известен јавен обвинител и наскоро треба да почне увид. Непознато е и како жената се нашла во водата и на кој дел од течението на Вардар паднала.
За еден месец ова е втор случај на давење во Вардар. Претходно тинејџерка го загуби животот со давење, откако падна во водата при обид да се спаси од напад на куче скитник.