СВР Тетово поднесе кривична пријава 53-годишниот Ј.К. од село Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 02.04.2020 пријавениот, сопственик на угостителски објект во село Врапчиште, не постапил според прописите или наредбите со цел спречување на ширење на заразната болест COVID -19 и заштита на населението, односно угостителскиот објект бил отворен, по што полициски службеници, во соодејство со инспектори од Државен пазарен инспекорат, при извршена контрола, го затвориле објектот.