Во текот на вчерашниот ден автомобл паркиран на паркинг се запалил, па интервенирала и противпожарна екипа.

„На 07.05.2020 во 19.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Панче Неделковски“ настанал пожар во паркирано патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Т.(42) од Скопје. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје“ велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.