Концерт на српката пеачка Јелена Карлешуа го наполни струмичкиот клуб Аватар.
На вчерашното гостувањето на Карлеуша гледаме публика од приближно 5.000 луѓе, пишува Курир.
Наспроти тоа, според новите мерки кои беа донесени минатата недела угостителските објекти во затворениот дел треба да работат само со 30% од капацитетот, додека на иста маса во кафеана може да седат само четири лица.
Оваа нова мерка сепак се „коси“ со ситуацијата во дискотеката Аватар која е во затворен објект, а наместо 30 проценти од капацитетот, таму на гостувањето на пеачката гостите се буквално „набиени“ еден до друг.
Зошто институциите не реагираат на оваа неодговорност во врска со ширењето на вирусот засега останува енигма. Она што е повеќе од јасно е дека полицијата и Државниот пазарен инспекторат останаа глуви и слепи пред новото потенцијално жариште на коронавирусот.