Говорот на омраза кон Бугарите, што сега се бара да биде казнуван во Македонија, не е од вчера, објави австралискиот новинар од македонско потекло Саша Узунов на својот профил на Твитер.
Омразата од Македонците кон Бугарите, како што објавува Узунов, документи од бтитански печат била регистрирана уште во 1915 година.
Во Првата светска војна, по окупацијата на Македонија од страна на Бугарија, Македонците барале да бидат под владение на Лондон и Париз, а омразата кон Бугарија била огромна.
„Земјата беше преплавена со Бугари кои не ги почитуваа законот. Македонците ги мразат Бугарите и бараат да бидат под влаcта на Англија и Франција“, пишува весникот Тајмс, објави Узунов.