Фирмата „Армор плус“ специјализирана за ХТЗ опрема добивала тендери и пред доаѓањето на оваа администрација, одговори Град Скопје откако денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски обвини дека фирмата на зетот на секретарката на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ, Димитар Петрески, со години добивала тендери распишани од Градот.
„Наведената фирма во денешната нивна прес-конференција е специјализирана за набавка на ХТЗ опрема за што потврдуваат и набавките на Град Скопје и пред доаѓањето на оваа администрација“, одговори Градот и прати линк каде што се гледа дека наведената фирма склучувала договори и во поголеми износи пред доаѓањето на актуелната градска администрација: https://time.mk/javni/?naracatel=град+скопје&firma=армор&start_datum=01%2F01%2F2008&end_datum=30%2F11%2F2017&opis=&group_by=
„Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ наместо да измислуваат лаги, конечно да почнат да работат на вистинските интереси на граѓаните на Скопје“, се додава во реакцијата од Град Скопје од каде велат дека ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери.