Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, вчера по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2020 година.
Од областа на здравствената заштита наградени се тимот доктори кои ја извршија првата трансплантација на срце во нашата земја: проф.д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Маја Мојсова, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Зравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски.
Епидемиологот д-р Жарко Караџовски е награден од Град Скопје за заслуги во здравството. Караџовски прогнозираше дека во Македонија од коронавирус ќе се заразат максимум 2000 лица.