Откако пред неколку дена Град Скопје распиша тендер за такси и хотелски услуги за кои ќе потроши 32 илјади евра денеска нов оглас преку кој ќе се потрошат речиси 60 илјади евра на авионски билети.
На страната на Бирото за јавни набавки е објавен оглас распишан од Град Скопје при што предмет на договорот за јавна набавка е организирање на авионски превоз и патничко осигурување за потребите на Град Скопје.
Проценетата вредност на договорот е 3 милиони денари без ДДВ, додека цената со ДДВ изнесува речиси 3 милиони и 600 илјади денари односно 60 илјади евра.