Во согласност со мерките и препораките за заштита од корона вирусот, од денеска жичницата на Водно и бесплатните автобуски линии до Средно Водно, се во прекин.
– Жичницата на Водно нема да работи. Нема да сообраќаат ниту трите бесплатни автобуски линии до Средно Водно (со броевите 25, 25А и 25Б), а во согласност со тоа, во катната гаража „26 Јули“ паркирањето ќе се наплаќа секој ден од неделата, според утврдениот тарифник. Поради воведените мерки и препораки за заштита од корона вирусот, паркирањето на Средно Водно исто така ќе се наплаќа секој ден, според утврдениот тарифник, соопштија од Град Скопје.