Во општина Карбинци со средства од Министерството за транспорт и врски и Светската банка се реконструираат две улици во селото Таринци.

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов на денешниот увид во градежните работи истакна дека жителите на селото Таринци добиваат подобри, посовремени услови за живот.

-Двете улици 13 и 3 во Таринци се реконструираат, односно денес се става првиот завршен слој на асфалт, а во следнтие денови ќе биде целосно завршена и со втор слој на асфалт. Се работи за проект кој што е во рамките на финансирањето на Светска банка преку Министерството за транспорт и врски и со реализацијата на овие улици го затвораме оној пакет на улици, кои што беше со поддршка на ова министерство. За село Таринци ова е дел од низата на улици- вели Паунов.

Тој истакна дека оваа инвестиција е со вредност од околу 10 милиони денари. Паунов посочи дека наредниот период освен во село Таринци, неколку нови улици ќе се асфалтираат и во селата Аргулица, Радање, Долни Балван и Карбинци.