Наум СТОИЛКОВСКИ

Во 90тите години на падините на Водно во близина на скопското селото Нерези изникнаа огромни хациенди- дивоградби во сопственост на олигарсите на СДСМ. Народот ги нарече ШПАНСКО СЕЛО!
Дали 25 години подоцна, денес, историјата се повторува? Дали сме сведоци на нова огромна афера Шпанско село 2, во режија на министерот Венко Филипче и Мафијата во бели мантили?
Ако до вчера Филипче не одговараше за во народот познатиот објект „Касарната на Филипче“, денеска јавно го прашувам дали знае чии се над 13,500 квадратни метри градежно земјиште, вклучително и земјиштето каде се гради популарната Касарна?
-Семејството Савески на сопругата на Филипче е сопственик односно сосопственик на 7 катастарски парцели со вкупна површина од 6.164 м2
-Горан Филипов е сопственик односно сосопственост на 8 катастарски парцели со вкупна површина од 7.342 м2
Согласно важечкиот урбанистички план, кој што дополнително е развиен со Архитектонско Урбанистички План, финансиран од Инвеститорите за споменатите локации, е предвидена намена А4. Согласно Правилник За Стандарди И Нормативи За Урбанистичко Планирање, под времено сместување се подразбира градби на хотели, мотели, викендици, старски домови и други објекти за времено сместување.
Фактичката положба и издадените одобренија укажуваат дека се градат два објекти со намена „Времено сместување“. Ова пак е дијаметрално спротивно со истакната табла пред објектот Касарна која што се гради и на која што стои дека се гради семејна куќа. За семејна куќа се издава А1!
Спрегата меѓу Филипче и Филипов е многу поголема и трае многу подолго отколку што вели Филипче. Се работи за добро познати семејно поврзани лица, кои што долги години споделуваат и заеднички имоти, влегуваат во заеднички инвестиции, а Здравство му одобрува тендери од 7 мил евра!
Па што тоа планирал Филипче да изгради и на какви бизнис зделки размислувал наместо да изгради на пример една болница или Клиничкиот центар?
Дали тендерите доделени на семејно врзан партнер не создаваат конфликт на интереси?
Дали градежната намена од А4 која што опфаќа и старечки домови не било и тема на состанокот на Филипче со Боки 13?
Како со чесна плата се стига до 13.500 м2 на Водно?
Дали можеби освен Филипче и семејството има уште некој друг близок до Филипче со имот во непосредна близина?
Ќе изникне ли Шпанско село 2 на падините на Водно, пред очите на институциите додека Филипче го заврши министерскиот мандат?