Градоначалничката на Арачиново Меликие Халими преку Фејсбук информира дека е позитивна на Ковид-19.

– И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругот сме позитивни на тестирањето за ковид-19. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довела некого во незавидна позиција – напиша Халими.