Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот.

Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран полициски службеник го обезбедувал ПМВ „Рено Каптур”, кое по наредба на ЈО претходно било одземено в/в чл.297-а став 2 од КЗ, сторено од Милан Митовски (брат на градоначалникот на Крива Паланка), дошол Сашко Митовски (градоначалник на Крива Паланка), го отклучил возилото и ја отворил возачката врата на која имало залепено лепенка од крим-техника, со што истата ја скинал и се обидел да влезе во возилото.

Од страна на униформирани полициски службеници му била дадена наредба да се оддалечи и бил спречен да го земе возилото кое се обезбедувало, по што истиот си заминал.