Половина Петриња е уништена, изјави денеска градоначалникот Даринко Думбовиќ по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди градот околу 12,20 часот и притоа побара испраќање итна помош.

-Извлекуваме луѓе од автомобили, не знаеме дали има мртви или ранети. Слушнав и дека се урнала градинка, но за среќа во неа немаше деца, додека вбо друга децата успеале да се спасат, рече Думбовиќ во својата прва изјава по земјотресот, пренесе Хина.

Думбовиќ додаде дека во градот владее општа паника и дека луѓето ги бараат своите најблиски.

Тој го повика секој еден кој може да дојде да помогне во Петриња, особено професионалните пожарникари и армијата.

Думбовиќ за „Н1„ изјави дека телефонски разговарал со премиерот Андреј Пленковиќ, кој потврдил дека наскоро ќе пристигне во Петриња