Она што морам да го кажам е дека искрено сочувствувам со сите семејства кои ја преживеаја трагедијата. Градот Петриња преживува пекол по овој земјотрес, што не можевме да го видиме во ниту еден филм, изјави вечерва градоначалникот на Петриња Даринко Думбовиќ за телевизијата Н1.
– Сè што преживеавме, пред сè како град, имам чувство дека се уништени душата и центарот на градот, и сето тоа можам да го кажам со само една реченица: Граду, зошто го преживуваш тоа?, рече Думбовиќ.
За жртвите и повредените во земјотресот рече дека сè уште нема конечна бројка.
– Тоа е најстрашната работа, кога треба да дојдете до некоја личност и да му изразите сочувство. Немаме струја, немаме вода. Сè се скрши. Тука сме во темница, во урнатини и трагаме по луѓе, истакна Думбовиќ.
Водоводот во Петриња не функционира, граѓаните имаат само цистерни со вода.
– Добиваме вода и имаме за пиење, но водоснабдувањето не работи. Земјотресот ја оштети уличната филтрација. Ќе се обидеме повторно да се поврземе за 24 часа и да видиме како можеме да го пуштиме во функција системот за водоснабдување. Околу 200 луѓе се во касарната. Можеме да сместиме 500 луѓе во тие станови. Тоа се нови станови и во нив може да се живее додека не најдеме друго решение, рече тој.
Думбовиќ додаде дека е уништена и зградата на градската управа.
– Системот овде едноставно умре. Тој не постои. Мораме да ги обновиме и комуникациите, рече тој.