Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски со емотивна објава повика на хуманост кај граѓаните за помош за лекување на 3-годишно дете.
– Оваа мала душа, се вика Алексеј и има само 3 годинки. Дека е едно од најслатките дечиња говори и сликата која ја гледате во прилог. Тој денес има потреба од нас за да биде жив и здрав и да има безгрижно детство, како сите останати дечиња. Тој го заслужува тоа! За жал, дијагностицирана му е хипоксична енцефалопатија – ретка болест која на мозочето на Алексеј му недостасува кислород и која создава ризик од многу посериозни последици. За да ова златно детенце продолжи да живее, ние сите заедно мора да собереме 19.000 евра за да своето лекување го продолжи во болницата „Лив Хоспитал” во Турција каде што ќе му бидат пресадени матични клетки. Ние сите заедно, во име на хуманоста мора да се сплотиме! – порача градоначалникот Ѓорчиевски.
Тој сподели дека во рамки на Фестивалот на Инклузија кој викендов се организира во општината ќе бидат поставени кутии каде што секој посетител ќе може да даде свој доброволен прилог за лекувањето на Алексеј.
Георгиевски сподели и телефонски броеви и сметка на кои секој граѓанин може да помогне за лекувањето на 3-годишното момченце!