Десетици мртви и повредени е епилогот од масовното пукање, односно терористичкиот напад кој што вечерва се случи во преполна концертна сала во трговски комплекс во Москва, главниот град на Русија.

Руските медиуми јавуваат за терористички напад кој го извршиле најмалку три лица во маскирни униформи кои со автоматско оружје стрелале врз присутните цивили.

Веќе се објавуваат и видео снимки од моментот на нападот во концертната сала која била дел од поголем трговски комплекс. Се јавува за експлозии но и за пожар во дел од овој објект.

Снимките кои се споделуваат по социјалните мрежи се вознемирувачки…

Засега нема официјални информации за тоа кој стои зад нападите.

Бројката на загинати и повредени за која јавуваат медиумите е различна и засега нема официјална потврда за неа.

Засега се огласи само градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, кој потврди дека денеска се случила страшна трагедија во која повеќе од 40 луѓе ги загубиле животите, а повеќе се повредени.

„Сочувствувам со роднините на загинатите“, рече тој и нагласи дека на ранетите ќе им биде укажана сета потребна помош.