Бројките се немилосрдни во прикажувањето на вистинската слика во Македонија, но не онаа розовата што секој ден ја слушаме од Центарот за комуникации на СДСМ, како и од премиерот и од министрите на Владата со урната ограда
Во 2017-та и 2018-та нагло пораснал бројот на лица со македонски пасош што добиле дозвола за престој во земјите на ЕУ и на ЕЕА. Овие бројки веројатно се многу поголеми, зашто во нив не се содржани лицата од Македонија со бугарски и други пасоши, како ни тие што илегално престојуваат во земјите на ЕУ и ЕЕА.
Вкупната бројка на лица со први дозволи за престој од 2008 до 2018 година е 157.000, а за 2018-та податоците се се уште нецелосни, што може да значи уште поцрни бројки за иселувањето откако дојде „Живот за сите“.
И од овие бројки може да се процени како е „намален“ бројот на невработени откако го урнаа „режимот“ и го заменија со просечна плата од „500 евра“.
Погледнете ја графиката, по години, и како се движел бројот на иселувања, за време на „режимот“ и откако дојде „живот за сите“.