Граѓаните во демократските земји се поразочарани од своите влади отколку тие во авторитарните режими.
Ова е резултат од меѓународното истражување спроведено од Расмусен Глобал и Алијанса за демократии, две организации поврзани со поранешниот генерален секретар на НАТО, Андрес Фрог Расмусен.
Студијата покажува дека дури 51 процент од испитаниците се пожалиле дека „нивните гласови ретко или никогаш не се слушаат од политичарите“, додека 58 проценти веруваат дека нивните влади не „работат во нивен интерес“.
Во демократиите, доминира впечатокот дека владите не работат во интерес на граѓаните – дури 64 проценти, меѓу нив и Германците, наведува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Тој процент, пак, во недемократските земји е далеку помал – 41 процент.
Интересни се резултатите од испитувањето во Германија – дури 60 проценти се жалат дека нивното влијание е мало во политиката, додека кај авторитарните режими тој процент е 46.