Еден од најграндиозните собири на народ во историјата на Македонија се случи вечерва пред Владата на РМ против францускиот предлог и барањата со кои ништи македонскиот народ во сегашноста и во оној дел од историјата што му преостана по Преспанскиот договор.
Скопје беше исполнет како никогаш до сега. Реки од народ се слеаја во главниот град, за да кажат НЕ неговото поништување за кое од петни жили се залагаат група политичари и нвнтаа новинарска гарда која за тоа е добро платена додека стотици илјадници граѓани на Македонија се во беда и сиромаштија.
На протестот зборуваа новинари, актери и унивезитетски професори – новинарите Тони Стојановски и Коле Чашуле, универзитетската професорка, Наташа Трајкова Котлар, Елка Јачева Улчар, Дарија Андовска и Петар Георгиевски-Камиказа.
За утре е најавен нов протест во исто време на исто место.