На српскиот граничен премин Прешево со Македонија, по прекин на електричната енергија, дојде до дефект на комуникациската опрема, што предизвика застој во сообраќајот, објавија денеска во Царинската управа на Србија.

– Околу 4.45 часот, имаше прекин на струја и прекин на сите комуникации, по што се формира колона од камиони во должина од два километри и на излезот и на влезот на Србија со Македонија.

Во патничкиот сообраќај немаше проблем или задржување.

– Со брза интервенција отстранет е дефектот и воспоставени се комуникациските системи, со што сообраќајот полека почнува да се нормализира, соопштија од Царинската управа.

Сега се во функција сите комуникациски системи, а царинските службеници се обидуваат што е можно поскоро да ја расчистат колоната на камиони кои, поради оваа вонредна околност, се формира на влезот и на излезот на Србија.

Се очекува за неколку часа ситуацијата на преминот Прешево да биде целосно нормализирана за камионски сообраќај. Патничкиот сообраќај се одвива без никакви проблеми.