Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини „Богородица“ и на „Табановце“.
Како што информира Авто мото сојузот на Македонија, за излез од земјава на ГП Богородица и за влез во земјава на ГП Табановце се чека околу 45 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.