Кој сака да гледа фатаморгана, нека оди во пустина, вели претседателката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева.
– Франција, Германија, Италија и Романија инсистираат на брзо и безусловно доделување на кандидатски статус за Украина, на пат кон ЕУ. Истата Франција, истиот (Емануел) Макрон кој практично измисли за нас методологија за никогаш да не влеземе. Првото вето беше од него во 2019 година, објави Грчева на својот профил на Фејсбук.
Сто пати реков јавно и ќе повторам, додава Грчева во објавата: не вреди со нив да се занимаваме!
– Кој сака да гледа фатаморгана, нека оди во пустина, вели таа.