Грчката полиција уапси околу 100 навивачи на Динамо од Загреб

/ 08.08.2023

Како што пишува Катимерини, грчката полиција запрела комбе со седум навивачи, кај кои биле пронајдени палки и ножеви, а тие веројатно сакале преку Македонија да се упатат кон Хрватска..

Досега се уапсени околу 100 навивачи, кои утре ќе бидат изведени пред јавен обвинител..

Повеќе регионални медиум објавуваат дека 19-годишно момче е осомничено за убиството на грчкиот навивач, но веста официјално не е потврдена.. Во синоќешната пресметка меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб, со убоди од нож беше убиен 29-годишниот грчки навивач, Михалис Кацурас..

Натпреварот кој требаше да се одигра вечерва е одложен од страна на УЕФА..


Од истата категорија