Пограничниот грчки град Алекандрополис бил во фокусот на руските активности во северна Грција, а главна цел била да се спречи приклучување на Македонија во НАТО, пишува Фајненшел тајмс.
Според извештајот, двајцата руски дипломати кои беа депортирани од Грција, под обвинение дека соработувале со бизнисмени и сакале да корумоираат претставници на државата, свештеници и претставници на културни асоцијации, но и екстремни групи со цел да предизвикаат реакција и протести против Преспанскиот договор.
„Русите сакаа да предизвикаат колапс на преговорите. Тие дејствуваа во Македонија и во Тракија“, изјавил висок грчки дипломат за ФТ.
Весникот објавува дека обидот за поткуп пропаднал кога грчки полицаец дознал за врските на локалниот гувернер со нив, и открил дека „Руската куќа“, спонзорирана од Москва функционирала како културен центар во Александрополис. Руските спонзори, пак биле во врска со нуклераната централа во Санкт Петрбург и тие ја платиле изградбата на статуа изградена во руски стил, а со благослов на митрополитот Антимос.
ФТ додава дека се верува оти Русите ги поткупувале и крајните десничарски организации преку локален бизнисмен притоа користејќи ја високата невработеност, особено меѓу младите за да се бунтуваат против постоечките партии.
На крајот се додава дека активностите на Русите отишле дотаму што подготвувале формирање на нова партија во Македонја (северна Грција) за која се очекувало да собере многу гласови меѓу руските Понди.
На наводите во Фајненшел тајмс засега нема реакција од Москва.