Пратеничката на СДСМ Бети Рабаџиеска Наумовска се искачи на топ листата на 20 пратеници во Собранието на Македонија кои зеле најголеми износи за патни трошоци. Таа и ја презеде водечката позиција на нејзината колешка, исто така од СДСМ, Мира Стојчевска, која поради високите износи за патни трошоци на социјалните медиуми ја именуваат како Мира Дизел.

И во последните шест месеци повеќемина пратеници повторно имаат наплатено патни трошоци над 10 илјади евра, во период од првите пет месеци од годинава како и декември 2017 година.

Според наплатените патни трошоци во овој период, рекордер е пратеничката на СДСМ Рабаџиеска Наумовска која за шест месеци, ќе добие 11.770 евра. Мира Стојчевска од СДСМ, која високо котираше и претходно, овој пат ќе земе 10.396 евра, а Алија Камбероски од партијата ПЕИ повторно е меѓу пратениците кои имаат повисоки суми за патни трошоци, со 10.355 евра.

За само половина година, пратеничката на СДСМ, Анета Симеска – Димоска ќе добие 8.359 евра, нејзините колеги од партијата, Хари Локвенец и Милева Ѓорѓиева, ќе земат над 7.000 евра, Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците 7.962 евра и Агим Шаќири од ДУИ ќе земе 7.600 евра.

За разлика од порано, во трошоците на новата листа доминираат пратениците на СДСМ.

На графиката погледнете го распоредот на топ-листата на пратеници кои наплатиле највисоки износи во последните шест месеци.