Квалификации за Мундијалот 2022: „Бомба“ во Дуизбург од С. Македонија, со 2:1 ја победи Германија“; „Незамислива победа за С. Македонија во Германија“; „С. Македонија ја шокираше Германија“; „Изненадување на вечерта“; „С. Македонија ја приземји Германија“; „Германија: Пораз во квалификациите за мундијал, првпат по 20 години“, се дел од насловите во грчките медиуми за синоќешната победа на македонската репрезентација во Дуизбург , јави дописничката на МИА од Атина.
![]()
Спортските медиуми во Грција коментираат дека Македонија беше „големото изненадување“ и се задржуваат на фактот што беше прекината серијата без пораз за Германија во квалификации за СП.![]()
Грчката новинска агенција АНА –МПА пишува дека гостите „најдоа храброст да постигнат втор гол непосредно пред крајот на мечот и да ја прослават најголемата победа во својата историја против еден од најголемите фаворити за директни квалификација во завршната фаза“, а порталот на весникот „Прото тема“ коментира дека Дуизбург „се замрзна“ во 85-та минута по голот на Елмас, победата на Северна Македонија над Германија е едно од најголемите изненадувања досега.
Сајтот на спортското радио „Спор фм“, коментира дека ова е прв пораз на Германија во квалификации за СП по 20 години и дека „С. Македонија ја прекина неверојатната низа без пораз од 2001 година“.
– Историската победа на гости за С. Македонија над Германија ја шокираше цела Европа, а „панкерите“ претрпеа понижувачки пораз на домашен терен, пишува „Спор фм“.
Спортскиот портал „Газета“ пишува дека „С. Македонија беше импресивна и победи на гостувањето во Германија“.
-Мегатонска бомба од С. Македонија, која замина со победа (1-2) од Дуизбург против Германија!, коментира „Газета“.




